МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По убедливиот триумф над екипата на Тирана, кошаркарите на Фени Индустри вечерва- среда, 25 октомври, во „Јасмин“ ќе го одиграат и третиот сезонски натпревар во рамки на балканската БИБЛ лига, втор по ред на домашен терен, и тоа против екипата на Трепча која во минатото коло исто така стигна до првиот сезонски триумф, и тоа над „Карпош Соколи“.

Токму победата над тимот од Скопје е потврда дека тимот од Косово располага со квалитетен играчки кадар, и е предупредување за избраниците на Малинков кои очекуваат нова победа пред своите симпатизери.

„Уште на почетокот си поставивме цел дека ќе одиме на секој натпревар на победа, особено на оние кои ги играме на домашен терен. Тоа што убедливо ја добивме екипата на Тирана која пак славеше над Трепча во премиерното коло не мора да значи ништо, па мотивирани и крајно подготвени ќе влеземе во натпреварот. Се надевам дека победата над Тирана ќе ни донесе повеќе публика, која и тоа како ќе ни биде потребна“ - рече предводникот на Малинков во најавата за натпреварот.

За разлика од него, Бобан Стајиќ кој имаше одличен настап против Тирана завршувајќи го натпреварот со 15 поени е уверен во победата. „Тирана славеше дома против Трепча, а ние ја добивме Тирана убедливо, па очекувам нова победа во среда“.

Почетокот на натпреварот Фени Индустри - Трепча е закажан за во 19 часот.