КАВАДАРЧАНИ ГО НАПОЛНИЈА КОШОТ НА СТРУЖАНИ И НЕ ПРОМАШИЈА НИЕДНО СЛОБОДНО ФРЛАЊЕ
„Еуро Никел“ го заборави убедливиот пораз од пред три дена на домашен терен од „Пелистер“ и безмилосно го декласира тимот на „Црн Дрим“ со 111-74 во рамките на 17 коло од македонската Прва кошаркарска лига. Само првиот период колку толку беше рамноправен а „Еуро Никел“ го доби со 24:19. На полувреме кавадарчани веке имаа убедливи 54:30, а во последните 10 мин се влезе со уште поубедливи 88:53. Тренерот Самарџиев им даде речиси подеднаква минутажа на сите од клупата а сите што играа и постигнаа поени. Најефикасен на теренот кај „Еуро Никел“ беше младиот Златев со 18 поени,Рикиќ даде 17 а Дубински 16. Кај стружани Клусен постигна 21,Лефковски 14 а Вокер и Жоао Марсело по 13. Бројките доволно зборат за доминацијата на кавадарчани кои имаа 40 скока а противникот 21,кавадарчани прокнижија 31 асистенција а стружани 17. И уште еден мал куриозитет. „Еуро Никел“ изведе 16 слободни фрлања и ги погоди сите.
М.В.