ПРВА ПОБЕДА, И ТОА УБЕДЛИВА ЗА КАВАДАРЕЧКИОТ ВТОРОЛИГАШ

Изминатиов викенд се одиграа средбите од третото коло од двете втори кошаркарски лиги во машка конкуренција. До максимален ефект по три одиграни кола стигнаа две екипи од Западната конфернеција. „Чаир“ беше убедлив на гостувањето кај „Риниа“ со 80:66, додека „Хераклеа“ ја доби битолската пресметка против „Пелистер Медика Карта„ со 82:77.група ЗАПАД

„Партизан Водно Санс“ – „Спорт Тим“ 94:24„Мега Баскет“ – „Тетекс ТТК“ 61:71„Риниа“ – „Чаир“ 66:80„Хераклеа“ – „Пелистер Медика карта“ 82:77„Спарта“ – „Охрид“ 79:82

ТАБЕЛА: „Чаир“ 6, „Хераклеа“ , „Тетекс ТТК“ 4 (-1), „Спарта“ 4, „Риниа“ 4, „Охрид“ 4, „Пелистер Медика карта“ 4, „Мега Баскет“ 4, „Партизан Водно Санс“ 3 (-1), „Спорт Тим“ 3

Во дерби натпреварот од групата исток се сретнаа дотогаш двете непоразени екипи, „Ангели“ го пречека тимот на „Феникс“. По голема борба на крајот до важната победа стигна домашната екипа со резултат 69:65, за делба на првото место на табелата заедно со екипата на „Борец Баскет“, која на свој терен стигна до третиот успех во новата сезона совладувајки го тимот на „КАМ Баскет“ со 79:70. Екипата на „Пробаскет“ конечно успеа да го скрши мразот па по стартниот пораз од „Шкупи“ конечно проработе и забележа убедлива победа против екипата на „Ролинг“ со високи 101:67.

група ИСТОК

„Ангели“ – „Феникс“ 69:65„Куманово 2“ – „Струмица“ 64:80„Борец Баскет„ – „КАМ Баскет“ 79:70„Пробаскет“ – “Ролинг“ 101:67„Шкупи“ – „МКК Куманово“ одл.

ТАБЕЛА: „Борец Баскет“ 6, „Ангели“ 6, „Феникс“ 5, „Струмица“ 4, „Шкупи“ 3 (-1), „Куманово-2“ 3 (-1), „Ролинг“ 3, „Пробаскет“ 3 (-1), „Баскет КАМ“ 2 (-1), „МКК Куманово“ 1 (-2),

Во следното коло кое е предвидено да се игра утре, четврток - 26 ноември екипата на „Пробаскет ке му гостува на тимот на „КАМ Баскет“. Да напоменеме дека нашиот прволигаш има и еден одложен натпревар

м.в.