МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КОШАРКАРИТЕ КЕ ТРЕБА ДА ГО ОДИГРААТ РЕДОВНОТО 10 КОЛО - КОЛКУ КЕ ИМ ДОЗВОЛИ ПАНДЕМИЈАТА ?

Викендов во кошаркарската прва лига на програмата се средбите од 10 коло. Колку од нив ке се одиграат зависи од пандемијата со корона вирусот. Екипата на „Еуро Никел“ повторно ке гостува во Скопје кај екипата на „Вардар“ и иако ке ја има улогата на фаворит сепак ке треба да се одигра максимално претпазливо. Најинтересно се очекува да биде на дуелот помеѓу „Работнички“ и „Пелистер“. Засега единствен натпревар кој е под знак прашалник е средбата „Кожув“ - „Куманово“ бидејки гевгеличани беа во карантин заради пандемијата. Екипата на „ТФТ“ покажа дека знае да биде тврд орев за сите па екипата на „Гостивар“ ке има сериозен противник на паркетот. „ФМП“ е фаворит на гостувањето кај „МЗТ 2“ а првиот тим на „МЗТ“ ја има фаворитската улога бидејки на домашен терен треба да го нагости тимот на „Црн Дрим“. Според последните информации ова треба да биде и последно коло за оваа календарска година по што ке следува пауза од најмалку дваесетина дена.

м.в.