ЕКИПАТА НА ПРОБАСКЕТ УБЕДЛИВО ПОРАЗЕНА ОД ВАРДАР А ТРОКАЛ БЕШЕ СЛОБОДЕН
Викендов започнаа натпреварите во првата кошаркарска лига за жени од сезоната 2020/2021. Се одиграа само три од предвидените пет натпревари во двете групи, а во нив фаворитите забележаа сигурни и очекувани победи. „Вардар„ беше многу убедлив на стартот на сезоната и славеше со 100:47 против екипата на нашиот „Пробаскет“, а сличен епилог имаше и на средбата во која „Крива Паланка“ беше многу подобра од екипата на „МЗТ Скопје Аеродром“ со 95:48. Најрамноправно беше на дуелот во кој кошаркарките на „Шкупи“ на гостински терен успеаја да го совладаат составот на „Пантери“ со 43-50. Во текот на оваа недела ќе се одиграат двете одложени средби „Бадел“ - „Работнички“, односно „Гостивар“ - „Струга“.
ГРУПА ИСТОК
„Крива Паланка“ – „МЗТ Скопје Аеродром“ 95:48
„Вардар“ – „Пробаскет“ 100:47
Куманово – слободен
Баскет КАМ - слободен
ГРУПА ЗАПАД
„Пантери“ – „Шкупи“ 43:50
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
„Гостивар„ – „Струга“
„Бадел“ - „Работнички“
„Трокал“ - слободен
Во идното коло кое е предвидено за 28 ноември екипата на „Пробаскет“ е слободна додека екипата на „Трокал“ во Кавадарци ке го пречека тимот на „Шкупи“
м.в.