ХЕРАКЛЕА ИЗНЕНАДЕНА КАЈ РИНИА А ТЕТЕКС И СТРУМИЦА НЕ ДОЗВОЛИЈА ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Корона вирусот продолжува да ги ремети термините на кошаркарските терени и придонесе овој викенд да се одиграат само три натпревари од второлигашката конкуренција.Во групата запад, актуелниот лидер на табелата, екипата на „Хераклеа“ изненадувачки загуби на гостувањето кај „Риниа“ со 71:64. Поразот на битолчани го искористија кошаркарите на „Тетекс“ кои продолжија со убедливите игри на домашен терен. Во Тетово падна „Пелистер Медика Карта“ со 101:80.На истокот се одигра само еден меч. Станува збор за мало струмичко дерби во кое „Струмица“ без проблеми славеше со убедливи 89:65 против „Ролинг“. Сите останати средби во двете конференции се одложени.

м.в.

131389496_822188608485223_1684693980602461648_n