МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ СО НАЈУБЕДЛИВА ПОБЕДА А МЗТ, РАБОТНИЧКИ И КОЖУВ ИЗНЕНАДЕНИ ОД ПРОТИВНИЦИТЕ

17 коло од првата македонска кошаркарска лига донесе неколку изненадувачки резултати. „Еуро Никел“ експресно го заборави дебаклот на домашен терен од „Пелистер“ и се истури врз тимот на „Црн Дрим“ декласирајки го со 111-74. „Пелистер“ го совлада „Гостивар“ нагости со 80:100 и им се реваншира на гостиварчани за поразот во првиот круг во Битола. И екипата на „ТФТ“ не дозволи изненадување на домашен терен па лесно го совлада „Вардар“ со 94:71.Екипата на „ФМП“ го направи првото изненадување и успеа да ја надополни негативата и на крај и да слави во дуелот со фаворизираниот „МЗТ“ со резултат 85:73.„Куманово“ го изненади „Работнички“ и го декласирашре со и повеке од убедливи 95:70 а третото изненадување го направија младите металци кои го совладаа „Кожув“ со 81:74. Финишот на регуларниот дел станува се поинтересен а борбата за место во плеј офот се понеивесна.

М.В.