ВО САБОТА ВО КАВАДАРЦИ ГОСТУВА ПРИЈАТНОТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЕКИПАТА НА „ТФТ“-Скопје
Со одигрување на неколку заостанати средби беше дадено зелено светло за продолжување на најелитното кошаркарско првенство. „МЗТ“ очекувано го совлада „Вардар“ додека „Работнички“ се намачи и едвај го совлада тимот на „Црн Дрим“. Најинтересно беше во Гевгелија каде во дербито се сретнаа „Кожув“ и „Пелистер“. Всушност беше некогаш дерби бидејки гевгеличани го забележаа 4 пораз во исто толку натпревари а битолчани ја продолжија серијата без пораз и го прокнижија 7 триумф во 7 средби. Редовното коло се игра овој викенд а во Кавадарци ке гостува едно од пријатните изненадувања сезонава екипата на „ТФТ“. И „Еуро Никел“ и „ТФТ“ досега имаат идентичен скор. 6 средби , 4 победи и 2 порази. Искуството е на страната на кавадарчани но „ТФТ“ е тим кој е желен за докажување и не респектира никого.
м.в.