Одлична игра и две победи на Трокал на турнирот во Скопје; против Струга 32: 2 и Вардар 65-20
Според зборовите на тренерот Никола Златев, кошаркарките на Трокал играле во голема форма и ги победиле своите противници со кош разлика која импонира.
-Со Струга противникот го поразивме 32: 2, а добра игра покажавме на средбата со Вардар, која ја добивме со 65-20.Во нашиот тим со 40 поени најдобра беше Анастасија Тодорова, а 15 поени постигна Љубица Бошковска и Елена Атанасова 12.- вели Златев
Инаки лани Трокал беше државен првак ,а исти шанси има и годинава.
Да потсетиме нашата екипа игра во група Запад со 6 екипи колку што има и групата Исток.Разигрувањето и вкрстувањето на натпреварите во наредната фаза ке го даде победникот во ова конкуренција. Тренерот Златев очекува победнички трофеј и ова година, и со право ако направиме анализа на игрите на неговата екипа.