МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани со одлична игра во второто полувреме го совладаа Гостивар со 82-72

Во кошаркарскиот плеј оф викендов се одигра само еден натпревар од првото коло. Во Кавадарци Еуроникел не дозволи изненадување и славеше против Гостивар со 82-72. Се до 26 мин натпреварот беше апсолутно рамноправен но кавадарчани почнаа да ги казнуваат сите грешки на противникот и да ја зголемуваат предноста. Во последните 10 мин проработе искуството и рутината па победата не беше доведена во прашање. Соколов одигра уште еден одличен натпревар постигнувајки 17 поени, Ѓекиќ додаде 16 а Дубински 15. Одлична партија имаше и Томиќ кој постигна 8 поени но имаше дури 13 скока. Денес својот натпревар ке го одиграат Феникс и Пелистер а во среда ке играат ТФТ и МЗТ. Во плеј аутот се постигнаа следниве резултати Ангели – ФМП 72-60, МЗТ 2 – Работнички 72-73 и Кожув – Куманово 72-89.Кај девојките стартуваа четвртфиналните дуели од разигрувањето за титулата. Бадел – Гризли 91-48, Баскет КАМ – Пробаскет 89-52, Вардар – МЗТ 82-34 и Кр. Паланка – Струга 84-66. Кај девојките се игра на две добиени средби а екипата на Пробаскет вториот натпревар со Баскет КАМ ке го одигра веке утре, вторник со почеток од 12 часот во салата Јасмин.

М.В.