МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ДО КРАЈОТ ИМААТ ТРИ ЗАОСТАНАТИ СРЕДБИ И ТОА СИТЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Екипата на ЕуроНикел 2005 со победа го заврши регуларниот дел од сезоната откако вечерва нагости го совладаа ТФТ со 67:83. Ова за кавадарчани беше петта победа во серија во последниот гостински натпревар во овој дел од сезоната бидејки им останаа дуелите со Кумановио, МЗТ, и Кожув но сите ке се играат во салата Јасмин. На натпреварот со ТФТ кавадарчани одлично го почнаа натпреварот и го добија првиот период со 15:22.Во вториот период беше израмнето па на полувреме се замина со скор од 28:36. Со трпелива игра ЕуроНикел 2005 ги казнуваше грешките на противникот па во последните 10 мин се влезе со убедливи 44:63. До крајот кавадарчани одиграа рутински за конечни 67:83. Смит со 19 поени беше најефикасен на теренот а покрај него во редовите на ТФТ Николов даде 14 и Бејли 10. Кај Еуро Никел Петровски даде 17,Соколов и Рикиќ по 14, Караколев 13, Мијатовиќ 11 а Дубински 10. Да напоменеме дека Соколов покрај тоа што постигна 14 поени имаше и исто толку скока како најдобар скокач на двете страни.

М.В.

https://www.youtube.com/watch?v=RdCitvLaBkY