фото: Gol.mk

СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА ПОСТОИ ОПЦИЈА КАВАДАРЧАНИ ДА ИГРААТ ВО АБА 2 ЛИГАТА

Само што официјално заврши македонското кошаркарско првенство клубовите веднаш почнаа со плановите за следната сезона но и за излегување на меѓународна сцена. Екипата на ТФТ е првиот тим кој уште отсега потврди дека и идната сезона ќе биде дел од регионалното БИБЛ натпреварување. Покрај ТФТ своето учество го потврди само израелскиот Ирони Нахарија.Во медиумите се појавија и шпекулации и дека екипата на ЕуроНикел можно е да направи меѓународен кам бек. Трикратниот македонски шампион би можел да игра не во БИБЛ лигата каде настапуваше цели пет сезони, туку се шпекулира со настап во АБА 2 лигата. Според правилата на АБА бидејки играше во финалето ЕуроНикел има право да аплицира за учество во ова натпреварување. Немаме претставник во елитната дивизија, па затоа нашите клубови учествуваат во АБА 2 каде и идната сезона најверојатно ќе биде МЗТ Скопје а покрај нив опстанок обезбеди и Работнички. Значи можно е Македонија да има три претставника. Шпекулациите велат дека расположение кај кавадарчани постои но дали ќе учествуваат ќе се знае дури за месец дена кога треба да се почне со составувањето на ростерот за следната сезона.

М.В.