МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Криза во редовите на кавадарчани која се надеваме брзо ке се надмине и ке се вратиме на победите кои ке не одведат во плеј офот

Кавадаречките кошаркари повторно ги прикажаа сите свои слабости на теренот и загубија на гостувањето кај Гостивар со 78-70. Овој состав на Еуро НИкел има и премногу искуство и поединечен квалитет за да губи натпревари во моментите кои екипата се бори за пласман во плеј офот и разигрување за титулата. МЗТ лесно го совлада ТФТ со 104-81 а Пелистер го декласира Феникс со 100-58. На 4 кола до крајот кавадарчани мора да го сменат пристапот да го намалат бројот на технички грешки и да го поправат шутот односно да се избегнат избрзани шутеви особено од неизградени позиции доколку сакаат место меѓу најдобрите 4 екипи.Во плеј аут групата Работнички загуби од ФМП со 87-92 Куманово го доби МЗТ 2 со 97-78 а Ангели беше подобар од Кожув со 78-68.

М.В.