СЕЛЕКТОРОТ НИКОЛА ЗЛАТЕВ КЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО СОСТАВИ ТИМОТ ЗА ФИБА ЧЕЛЕНЏЕРОТ ВО ТБИЛИСИ
Кога се работи квалитетно со помладите категории и кога во таа работа постигнувате и забележителни резултати тогаш сите тие работи не минуваат незабележително. Никола Златев со својата работа во КК Трокал покажа дека станува збор за кошаркарски тренер кој си ја знае работата. Затоа и МКФ му укажа доверба и му даде да раководи со репрезентацијата до 16 година за девојки. Токму оваа резентацијата „ДО 16“ година оваа година ќе учествува на ФИБА „Челенџер“’ турнирот кој од 9. до 14.август ќе се игра во Тбилиси (Грузија).
Подготовките на оваа наша селекција се планирани по завршувањето на селективните тренинзи кои се закажани за 1 и 2 јули, во спортската сала „Партизан“ во Кавадарци. Селективните тренинзи ќе опфатат две групи. Првата група ќе работи на 1 јули од 11 часот а во оваа група се наоѓаат кошаркарки од екипите на Трокал, Пробаскет, Бадел, Вардар и Струга.
Од екипата на Трокал на овие селективни тренинзи селекторот Златев ги повика Анастасија Тодорова, Љубица Бошкова и Елена Атанасова а од екипата на Пробаскет во поширокиот список е Ангела Колева. На 2 јули ќе бидат проверени и кадетките од втората група во која се наоѓаат кошаркарки од екипите на Крива Паланка, Баскет КАМ, Клубски, Шкупи, Гостивар и Тим Арена а на нив ке им се проиклучи и единствената интернационалка Елена Граматикова која настапува во Италија.
м.в.