МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРО НИКЕЛ МУ ВРАТИ НА ПЕЛИСТЕР И СЛАВЕШЕ ВО БИТОЛА ПО 3 ПРОДОЛЖЕНИЈА За разлика од пред 7 дена кога одиграа анемично и многу слабо и заслужено беа катастрофално поразени среде Кавадарци од Пелистер, вечерва кошаркарите на Еуро Никел среде Битола одиграа храбро, машки, борбено што резултираше со победа против истиот противник но на нивен терен. Првиот период кавадарчани за многумина изненадувачки го решија во нивна полза со 16:23 но домакинот се разигра и на полувреме замина со двоцифрена предност 52:41. Еуро Никел не се предаде па во последните 10 мин се влезе со скор 65:64. Во финишот Рикиќ обезбеди нерешено 92:92 а Калахан промаши тројка па мораше да се играат дополнителни 5 минути.Пелистер испушти победа во финишот на продолжението бидејки при резултат 100:100 Стајиќ промаши тројка. Во второто продолжение битолчани поведоа со 107:100 но вратија Мијатовиќ, Дубински и Рикиќ за 107:107 и трето продолжение. Овој пат Еуро Никел се одлепи и издржа до крајот славејки голема, важна и машка победа во Битола. Кај Пелистер Кесар даде 33,Мелешевиќ 30,Трајковски 19,а Калахан 18. Овој пат првата постава на Еуро Никел беше на ниво на задачата па Рикиќ реализираше 23 поени,Мијатовиќ 20, Соколов 19,Дубински 18, Петровски 17 а Караколев15.

М.В.