МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

TРОКАЛ МУ ГОСТУВА НА БАДЕЛ А ПРО БАСКЕТ КЕ ПАТУВА ВО КУМАНОВО

Во рамките на второто коло од првата женска кошаркарска лига викендов се одиграа три од планираните четири натпревари. Во групата исток, екипата на „Вардар“ беше многу подобра од „МЗТ Скопје“ на гостувањето во Аеродром и славеше убедлива победа од 41:90. Убедливо со резултат 106:46 славеше и екипата на „Баскет КАМ“ во натпреварот со новиот прволигаш „Куманово“. Еден натпревар се одигра во групата запад а и таму домаќинките беа убедливи. Младите кошаркарки на „Трокал“ во мечот со скопски „Шкупи“ многу повеке ја посакуваа победата и славеа со 63:30. За оние помалку упатените да кажеме дека Кавадарци и оваа сезона има два претставника во елитното женско натпреварување. Екипата на „Про Баскет“ настапува во источната конференција, а „Трокал“ во западната. Во наредното коло кое на програмата е утре и двете наши екипи гостуваат. „Про Баскет“ ке му гостува на „Куманово“ додека „Трокал“ ке има тешко гостување кај фаворизираниот „Бадел“.

м.в.

128559228_204016151257931_7112890303326195952_n