МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И без капитенот и најдобар играч во досегашниот дел од сезоната, Кирил Николовски, кошаркарите на Фени Индустри немаа проблем со тимот на Кожув, и по поразот од Работнички, брзо се вратија на „старите победнички навики“.

Кожув одигра солидно во воведните десет минути, добивајќи го воведниот период со 25-26, но веќе во продлжението Фени Индустри заигра подобро, па направи пресврт и на паузата замина со +6, 47-41.

Избраниците на Малинков и во третата четвртина продолжија со одличната игра па позитивата на домашните играчи стигна и до +13, 73-60, што на крајот се покажа и како клучно за победата, од 88-82.

Георги Шарабидзе и Чешковиќ со по 19 поени беа први стрелци во составот на Фени Индустри, додека американецот МекНил со 20 поени беше најефикасен во тимот на Кожув.Со седум победи и само еден пораз, Фени годината ќе ја заврши на делба на првата позиција, со идентичен скор со тимот на Работнички, кој синоќа загуби од Куманово.

До крајот на тековната година, избраниците на Малинков ги очекува уште дуелот со Пеќ во рамките на БИБЛ лигата, кој во среда со почеток од 19 часот ќе се игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.