МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тимот на Теодо од Црна Гора е противникот на Фени Индустри во четвртфиналето од балканската БИБЛ лига.

Ова е епилогот по одигрувањето на последните два натпревари од балканската БИБЛ лига кои ги одредија четвртфиналните двојки.Првиот натпревар ќе се оддигра на 7 или 8 март во Кавадарци, а реваншот во кој Теодо ќе ја има поддршката од својата публика е закажан за седум дена подоцна.Со евентуална победа во двомечот, Фени во полуфиналето ќе вкрсти со тимот на Куманово, кој поради освоеното прво место во групата Д ќе биде поштеден од четвртфиналните обврски. Полуфиналната серија ќе се игра во втората половина на март, а финалните натпревари на 11 и 20 април.