МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Еуроникел му гостува на МЗТ, Пробаскет нагости кај Крива Паланка а Трокал дома со Мега Баскет

Очите на европската спортска јавност се свртени кон завршницата на Европското ракометно првенство. Сепак во центарот на вниманието на македонската спортска јавност викендов ке биде кошарката односно редовните кола во машката и женската прва лига. Кај мажите на програмата се средбите од 14 коло. Гостивар - МЗТ 2, ТФТ - Куманово, Ангели - Работнички, ФМП - Кожув и Феникс - Пелистер. Дербито на колото ке се одигра во сабота со почеток од 19.30 а во салата Јане Сандански во Скопје ке се сретнат МЗТ и Еуроникел. МЗТ се наоѓаат во одлична натпреварувачка форма а кавадарчани минатиот викенд не го одиграа натпреварот со ТФТ бидејки во своите редови имаа дури шестмина позитивни на Ковид кои сега директно од изолација ке мора да истрчаат на терен.Кај девојките од елитната група А ке се игра 13 коло. Вардар - Бадел, Струга - Баскет Кам и МЗТ - Работнички. Екипата на Пробаскет осетно засилена откако во минатото коло ја забележа првата победа над Работнички сега со зголемена самодоверба ке и гостува на Крива Паланка во обидот да бркаат бодови за спас и опстанок во елитата.Викендов стартуваат и натпреварите во првата женска лига група Б со средбите од 10 коло. Тим Арена - Риниа, Куманово - Гостивар, Гризли - Шкупи а слободна е екипата на Патриот. Лидерот на табелата екипата на Трокал во сабота од 14 часот во салата Партизан ке го пречека тимот на Мега Баскет. Гостите се последни на табелата без ниту една победа во првенството што е убава можност за кавадарчанки да ја продолжат непобедливоста бидејки во досегашните 8 средби забележаа исто толку победи.

М.В.

271739836_510025523720176_7482217181704813114_n 272146266_359514366014227_135379305258129425_n