МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРО НИКЕЛ МУ ГОСТУВА НА ТФТ А ПОСЛЕ ОВА КОЛО КЕ СЕ ИГРААТ ОДЛОЖЕНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Кошаркарите лека полека го привршуваат регуларниот дел од сезоната бидејки викендов го играат последното коло. Меѓутоа до крајот има уште многу бидејки има премногу одложени средби. Во ова коло Еуро Никел ке има тешко гостување кај пријатното изненадување сезонава, екипата на ТФТ. После оваа средба на кавадаречкиот состав ке му преостанат уште три одложени средби и тоа сите на домашен терен против Куманово, МЗТ и Кожув. Дербито на колото ке го одиграат МЗТ и Пелистер. Работнички ке го пречека ФМП во скопската пресметка. МЗТ 2 е аутсајдер во дуелот со Гопстивар кој брка место во плеј офот како и Кожув кој на домашен терен игра со Црн Дрим. Средбата Вардар - Куманово е одложена заради настап на кумановчани во БИБЛ лигата.

М.В.