МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани со перфектни последни 10 минути го совладаа Работнички на гости со 68-87

Претпоследното 21 коло од регуларниот дел во кошаркарското првенство ги разреши сите дилеми. . Пелистер, МЗТ, ФМП, Еуроникел, Гостивар и ТФТ ке играат во суперлигата и ке се борат за шампионската титула. Во ова коло Гостивар – Пелистер 64-81, МЗТ – Феникс 87-74, МЗТ 2 – Куманово 62-70 ,Ангели – Кожув 72-76 а ТФТ и ФМП ке играат на 6 април. Еуроникел си го завери местото во плеј офот откако славеше нагости кај Работнички со 68-87. Кавадарчани одиграа 3 четвртини во кои делуваа незаинтересирано но колку толку беа рамноправни и на крај одиграа беспрекорни последни 10 мин во кои го скршија протовникот. Ѓекиќ со 18 поени беше најефикасен, Дубински уфрли 16 поени а Соколов додаде 12 поени но и 10 скока и 6 асистенции.Девојките ги одиграа последните кола од регуларниот дел: Во елитната група А Баскет Кам – Пробаскет 85-66, Струга – Кр.Паланка 67-73 и МЗТ – Вардар 65-78. Бадел ја има стартната позиција број 1 а Баскет Кам двојката. Пробаскет ке игра бараж за опстанок во елитата и тоа со вториот кавадаречки претставник, екипата на Трокал која заврши како второпласирана во групата Б со ист број бодови како и првиот Гризли но кавадарчанки имаат послаб меѓусебен скор па Гризли си обезбеди директно место во елитата за следната сезона.

М.В.