МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕ ОДИГРАА ЗАОСТАНАТИ СРЕДБИ ОД ЕЛИТНОТО МАШКО КОШАРКАРСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Најголемото изненадување го приреди екипата на „ТФТ“ која му го нанесе првиот пораз на лидерот „Пелистер“. Битолчани беа и убедливо поразени со 97:82 но ја задржаа лидерската позиција. „ФМП“ продолжи со квалитетните натпревари и славеше нагости кај „Црн Дрим“ со 65:86. „Кожув“ ја прокнижи и втората победа совладувајки го „Вардар“ со 86:82. А во второто дерби „Гостивар“ го победи „Куманово“ со 91:83.Екипата на „Еуро Никел“ требаше да го одигра заостанатиот натпревар со „Куманово“ но кумановчани мораа прво да го играат натпреварот со гостиварчани.

Шанса за рехабилитација за поразот во претходното коло од „ТФТ“ на домашен терен кавадаречките кошаркари ке имаат веке викендов кога во Кавадарци ке гостува екипата на „МЗТ “.

м.в.