Кавадарчани изненадени од дебитантот кој настапи без најдобрите кошаркари
Без најдобрите - повредениот Бојан Трајковски и Џошуа Вилијамс кој си замина од клубот екипата на Феникс направи големо изненадување и го победи актуелниот вицешампион ЕуроНикел со 76-67. Кавадарчани одиграа еден анемичен и на моменти незаинтересиран натпревар кој беше израмнет се до пет минути пред крајот на мечот кога при резултат 61:58 домашниот тим направија серија од 15-1 и го реши победникот. Со оваа победа Феникс собра 41 бод колку што сега има и ТФТ кој пак денес му гостува на Гостивар кој има 40 бодови. Еуроникел остана на третата позиција сега со 43 бода. Денеска се игра и големото дерби помеѓу МЗТ и Пелистер. Како и да е ваквите резултати се само најава за пеколни последни пет кола во Суперлигата особено за позициите 3 и 4.
М.В