На две кола до крајот од регуларниот дел неизвесна борба за позициите 4, 5 и 6 20 коло во првата кошаркарска лига донесе очекувани резултати. На две кола пред крајот на регуларниот дел, Еуро Никел лесно го доби МЗТ 2 со 91-82. Кавадарчани одиграа одлична прва четвртина во која резлизираа дури 32. поени, примија 19, за двоцифрена предност а на полувреме имаа уште поубедливо водство од 20 поени, 56:36. Кошаркарите на Еуро Никел рутински го одработија оној втор дел во кој му дозволија на противникот да стигне и до пристоен пораз. Обрад Томиќ беше најефикасен со 20 поени без промашување од поле. Димчевски даде 15 поени а Ѓекиќ и Караколев по 11. Соколов играше само 5 минути а Калахан само 9 па шансата ја искористи младиот Златев кој одигра 32 минути со дабл дабл ефект од 12 поени и 13 скока. Феникс го совлада Куманово со 91-76 и ги задржа шансите за плеј оф. Кожув - Работнички 82-90 и ФМП – Гостивар 82-70. Во среда на 30 март ке играат Пелистер и Ангели а во четврток на 31 март ке се сретнат МЗТ и ТФТ. Во женската елитна кошаркарска лига група А во 5 коло од оролоџото се постигнаа следниве резултати. Бадел - Крива Паланка 91-68, Струга - Баскет КАМ 60-74 и МЗТ – Пробаскет 83-47. Во групата Б се одиграа средбите од претпоследното 17 коло. Трокал беше сигурен со Тим Арена во победата од 70-34,а Гризли убедливо со77-16 го совлада Мега Баскет. Гостивар загуби од Шкупи со 49-67 а Куманово од Патриот со 19-72.
М.В.