МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Искусниот кошаркар спогодбено го раскина договорот со Пелистер и најверојатно кариерата ке ја продолжи во Кавадарци

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Марјан Младеновиќ спогодбено го раскина договорот со еипата на Пелистер и во новата сезона ќе настапува во дресот на друг прволигаш. Според одредени медиуми кои веке објавија и фотографии тоа ќе биде екипата на Еуро Никел која веке ги договорила личните услови со искусниот плејмејкер и останува само уште формално да се стави параф на договорот. Според досегашните информации Младеновиќ ќе се обврзе на двегодишна верност кон поранешниот шампион на Македонија и ќе биде прво засилување за тимот за новата сезона. Кавадарчани ги задржа сите домашни кошаркари а си заминна единствено Самарџиски и останува да се види дали управта по најавеното кратење на буџетот ке ангажира и колку странски играчи. Инаку Еуро Никел ќе биде десетти македонски клуб во кариерата на Младеновиќ кој играше уште за: Ултимејт Баскет, Овче Поле, Куманово, Охрид, Радовиш, Блокотехна, Гостивар, Работнички и Пелистер

М.В.