МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пробаскет брка прва победа а Трокал четврта победа во исто толку средби

Кошаркарките викендов ги играат редовните кола. Во елитната група А на програмата е 5 коло. По воведните 4 порази екипата на Пробаскет му гостува на Работнички. Скопјанки исто така имаат 4 порази досега па во овој дуел единствена предност може да биде само домашниот терен. Кавадарчанки имаат можност да се надминат себеси и да ја забележат првата победа сезонава. Бадел му гостува на МЗТ, Струга игра со Кр. Паланка а дербито ке го одиграат Вардар и Баскет Кам. Во групата Б ке се одигра 4 коло. Двојките се Мега Баскет - Патриот, Тим Арена - Гризли, и Риниа - Шкупи. По стартните три победи вториот кавадаречки претставник екипата на Трокал ке има вистински предизвик во дуелот со Гостивар бидејки и тие се непоразени. Средбата Трокал - Гостивар се игра утре, сабота со почеток од 13 часот.

М.В.