МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со мислите насочени кон македонското дерби од групата Б во балканската БИБЛ лига, кошаркарите на Фени Индустри професионално го одработија натпреварот со Охрид АВ, и со 62-83 стигнаа до првата победа во новата година во домашниот шампионат.Добивајќи ги сите четири периоди (18-22, 9-19, 13-16, 22-26), Фени Индустри им стави во знаење на играчите на Охрид, но и на останатите екипи дека одличната форма од пред паузата е задржана, и дека тимот е подготвен за предизвиците од продолжението од сезоната. Со 21 постигнат поен Матија Чешковиќ потврди дека е во вистински ритам, додека одличен меч одигра и Џекиќ кој мечот го заврши со 14 поени.Следен натпревар во набиената агенда на стартот од годината на тимот од Кавадарци му го носи македонското дерби од групата Б од БИБЛ лиата, во кое Фени му гостува на Карпош Соколи, кој има голем напредок во формата. Натпреварот се игра во среда, 25 јануари, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.