Пробаскет загуби од лидерот Баскет Кам со 51-93 а во дербито Јан Бор го доби Гостивар со 69-44
Викендот се одиграа средбите и од првата женска кошаркарска лига. Во групата А се одиграа средбите од 9 коло во кое осетно подмладениот тим на Пробаскет очекувано загуби од лидерот Баскет Кам со убедливи 51-93. Во останатите средби Гризли - Струга 59-62, Бадел - Крива Паланка 78-76 и Вардар - МЗТ 64-68. Во првата Б женска кошаркарска лига на програмата беа средбите од 11 коло. Во дербито во Кавадарци екипата на Јан Бор го совлада тимот на Гостивар со 69-44. Љубица Бошкова беше најефикаасна со 22 поени и 16 скока а Лиле Миткова заврши со трипл дабл 20 поени 14 скока и 11 асистенции. Во останатите средбин Патриот - Куманово 55-48,Шкупи - Риниа 20-0 а екипите на Пониква и Спорт Тим својата средба ке ја одиграат на 25 јануари - во среда .
 
  
 
М.В.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      