МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Жестоки 5 кола во борбата за позициите 1 и 2 но и за позициите 3 и 4

Кошаркарите викендов ке ги одиграат средбите од 6 коло на суперлигата. МЗТ откако во последното коло го победи Пелистер со 95-76 се израмни на врвот со битолчани со по 50 бодови и во последните 5 кола ке гледаме мртва трка за првите две позиции. Гостивар со 92-85 го победи ТФТ и ја направи мошне интересна борбата за позициите 3 и 4. Еуроникел сега има 43 бода, Гостивар и ТФТ по 42 а Феникс 41.Викендов кошаркарите на Еуроникел ги чека тешко гостување токму кај Гостивар. Гостиварчани ке сакаат да го задржат победничкиот ритам а кавадарчани пак ке сакаат да се рехабилитираат за неочекуваниот пораз од Феникс во минатото коло. Пелистер ке биде фаворот во дуелот со ФЕникс во Битола а МЗТ го пречекува ТФТ.Двојките за 5 коло од плеј аут групата се Работнички – ФМП, Ангели – Кожув и Куманово – МЗТ 2.

М.В.