МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И покрај ремито против второпласираниот тим на табелата, тимот на ГРК Тиквеш остана на претпоследното место на првенствената табела, со вкупно 10 бодови, 2 помалку од тимот на Спартак.

Градскиот ракометен клуб Тиквеш е првиот тим кој во пролетниот дел од сезоната успеа да остане непоразен во дуелот со екипата на Вардар 2, иако многу лесно кавадаречките ракометари можеше да бидат првите кои ќе го земат скалпот на големиот противник во пролетниот дел од сезоната. Иако пропуштената шанса и предност од 2 гола предност во самиот финиш звучат разочарувачки, сепак тоа ни малку не го намалува впечатокот за одличната партија која ја одиграа избраниците на професорот Велков.

Носени на погонот на новиот кавадаречки ракометен суперталент Васил Витанов и искусниот Илија Грозданов кои постигнаа по 11 погодоци, кавадаречките ракометари ја диктираа играта и ја имаа резултатската предност се до стартот на второто полувреме, во кое конечно гостите од Скопје го превземаа водството, но не за долго, затоа што кавадаречките ракометари со серија од 6-0 направија комплетен пресврт, и заостанувањето од 4 гола го претворија во позитива од 2. Во исклучително возбудливиот и напнат финиш, гостинските ракометари успеаа да погодат уште на три пати, додека кавадаречките ракометари дадоа само еден гол, за конечни Тиквеш - Вардар 2 27-27.

И покрај ремито против второпласираниот тим на табелата, тимот на ГРК Тиквеш остана на претпоследното место на првенствената табела, со вкупно 10 бодови, 2 помалку од тимот на Спартак.