Ракометарите на Градскиот ракометен клуб „Тиквеш“ продолжуваат со серијата на натпревари во Првата машка ракометна лига со најсериозните кандидати за пласман во суперлигашкото друштво.Во новинарскиот нотес бележиме уште еден пораз : 25-27.Нашите ракометари машки се бореа за што сведочи и резултатот од полувремето 12 : 15, но сепак со мала помош на судиите гостите си отидоа со бодови од ова гостување дома.
Денеска попладне во Спортската сала „Јасмин“ избраниците на професорот Блаже Велков играа соекипата на Риниа.Овој ракометен состав по седум кола високо котира на табелата и се наоѓа на третата позиција .ГРК Тиквеш загуби со резултат 27-25 од Риниа.