МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се надеваме дека од овој турнир со помош на Црна Река како клуб, ќе има некој голем шампион.

Најголемо задоволство е што наши, кавадаречки деца се занимаваат со тенис. Задоволни од условите за одржување на ова натпреварување се и луѓето од Македонската тениска федерација.

tenis

„Овој турнир во Кавадарци е дел од проектот на Македонската тениска федерација и е во состав на календарот за натпреварување на Тенис Европа. Ова година ние сме застапени со два турнири за деца до 14 години, и три до 16 години, од кој дел е и овој турнир во Кавадарци. Се одзва голем број натпреварувачи. Имаме 41 учесник момчиња и 24 девојчиња. Турнирот е до фаза на средина. Финалните натпревари се закажани за во петок и сабота“ изјави претставникот на Македонската тениска федерација.

Задоволен од текот на натпреварувањето е и организаторот, Црна Река.

„Сега за сега се одвива се како што треба. Нема никаков проблем во организацијата. Играчите се задоволни од терените и претстојот во Кавадарци“ рече Лазар Мицев сопственик на Црна река и претседател на истоимениот клуб.