МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Големиот македонски ракометен ас Стевче Алушевски ги тренираше кавадарчките ракометари.Негова оценка е дека тие имаат висок ракометен потенцијал

Прославениот ракометар и член на Македонската селекција Стевче Алушевски во саботата попладне на 22 Април беше меѓу кавадаречките ракометари.Управата на клубот го повика порославенмиот ас да помине еден попладневен тренинг со првиот тим и останатите погони на Градскиот Ракометен Клуб „Тиквеш„ со цел да се запознае со мементналната форма на ракометарите на Кавадарци а истовремено им покаже дел од методите на тенинг кој тој ги практикува во неговата школа во Скопје.Во изјавата за РТК.РК , Алушевски изрази задоволство од формата и физичката спремност на кавадарчани и нагласи дека му е задоволство што се наоѓа меѓу вакви ракометари.Ракометната игра последните години е популарна кај гледачите поради клубските и репрезентативните настапи и разбирливо е што и во Кавадарци ракометот е спорт кој како магнет ги привлекува младите.Тренингот го следеа претседателот на клубот Антонио Коцев,тренерот на сениорите Велков, на помладите Василев,ветеранот и тренер Димитар Влаинков ,човекот кој последниве години се залага за подем на ракометот во Кавадарци Зоран Јосифовски.Желбата кај сите е да се создаде тим кој ке може да го врати Кавадарци на старите патеки на успехот и да дава репрезентативи имиња. „Целта ни е ракометот да го добие соодветниот третман.Имаме подршка од Локалната самоуправа но и од бизнис секторот и ние сме благодарни за тоа, но сеуште недострасуваат средства и друга помош, која ние се надеваме , ке ја добиеме.Тоа го очекуваме со измените во Закониот за спорт, кој е во најава за измена во корист на спортот и спорското финасирање, вели Јосифовски.

(Видео изјави: Алушевски и Јосифовски )