МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во саботната средба ГРК Тиквеш поразен во „Јасмнин„ од РК Струга 25-35

ГРК Тиквеш треба да одлучи, ке ја разочарува ли ракометната публика или ке ја стимулира да доаѓа во поголем број на трибините,ке се натпреварува ли во Првата Македонска ракометна лига како доликува или не.Последната средба со екипата на Струга од која заслужено загубија, на виделина ги покажа слабостите кои веројатно и на други средби ги „чинат„ поразите на ова екипа.Управата која има голема желба да ја врати популарноста на ова колективна игра кај нас веројатно ке мора да направи радикални чекори ако има намера да ја оствари својата намера.Веројатно во тоа треба да им помогнат и самите ракометари и стручњаци кои долги години се трудат да сторат нешто на овој план.

Тоа што на теренот можевме да ги чуеме коментарите на одделни ракометари , или да присуствуваме на расправија на ракометар и гледач од публиката,не била новост на средбите, но некои епизоди кои ги гледавме во живо воопшто не доликуваат на спортско однесување;излегување од игра без најава, нервоза на теренот,разговор со сооограчи а во меѓувреме противникот постигнува гол,и слични недисциплински постапки.

Час поскоро треба нешто са се менува на „клупата„ .Тоа е очигледно, со оглед на некои стручни оценки дека имаме ракометари за прва лига, но треба правилно да се насочат и употребат тогаш кога е вистинско време.Таленот на некои млади надарени спортисти треба да се искористи Клубот, со оглед на големата желба на ракометните ентизијасти, ги има предусловите за голем „камбек“ во екипните спортови кај нас. Треба рез во тимот.Само кој да го повлече?

Сите слабости на екипата ги видовме на средбата со Струга која ја загубивме во саботата со 25: 35.Сега по одиграни 6 натпревари со две победи и 4 порази ГРК Тиквеш е на 10 место ( од 14 екипи).

Пионерите на ГРК Тиквеш-есенски шампиони

000000000000000000000.jpg.jpg

Дека ракометот кај нас има иднина говори податокот дека пионерите на градскиот ракометен клуб Тиквеш се есенски шампиони во пионерската лига на Македонија, група исток.На последниот натпревар од првиот дел од натпреварувачката кампања тие славеа победа над силниот тим на Астрион Струмица од 27-24. До насловот есенски шампиони младите кавадаречки ракометни надежи стигнаа на сосема импресивен начин, со 4 победи и само едно реми. Ќире Василев-тренер на пионерите на ГРК Тиквеш, вели дека лигата продолжува во февруари, а по одигрувањето на редовните кола ќе следи и разигрување со останатите групи, по што ќе се добие и шампионот на Македонија.

Завршувањето на есенскиот дел од натпреварувањето не значи и крај на ракометните возбудувања кои ќе ги донесат најмладите. ГРК Тиквеш и годинава ќе настапи во рамките на Металург лигата, и тоа со две екипи, дечиња родени 2004 и помали и 2006 и помали.