МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И без искусните Илија Грозданов и Марјан Велков, ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш немаа проблеми во дуелот со Струга, славејќи нова победа, овој пат од 32-28.

Резултатската неизвесност беше присутна само во воведните 15 минути во кои најчесто се играше гол за гол, по што домашните ракометари ја превзедоа играта и благодарение пред се на изворедните Витанов и Велков создадоа солидна предност која „љубоморно“ ја чуваа се до самиот финиш, за шестти сезонски триумф. Васил Витанов со 10 гола и Ѓорѓи Велков со 9 гола беа први стрелци во тимот на ГРК Тиквеш, а солидна партија имаше и Ристе Окардов.

18789727_310039419432207_449252221_o.jpg