МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На фудбалскиот стадион во Градскиот парк ова и наредната полусезона ке се игра второлигашки фудбал.

Ова денеска ни го поврдијна неколку фудбалери и добри познавачи на фудбалот воКавадарци , во отсуство на официјално сооппштение од преставници на клубот.Досега еднаш веке пишувавме дека основа на објавени информации во јавноста дека, според пишувањето на Македонски спорт од 13 јуни 2016 година, по најавеното менување на местата или отстапување на Гостивар и Младост Ц.Д., првиот да остане во Втората лига, а вториот тим, пак, да оди во Трета лига, остварено е едно ново сензационално отстапување. А тоа е на релација Љубанци – Тиквеш 2014.

Имено, второлигашот од скопското село Љубанци ке се пресели во Кавадарци, а Тиквеш да дојде во Скопје.

Значи овие два клуба да си ги сменат местата за следната сезона, односно да има повторно отстапување, нешто што досега беше вообичаена пракса во мак-фудбалот. Попатно, како што пишуваше Македонски спорт, претходно Љубанци се споменуваше и со отстапување на своето место со Рудар Пробиштип, тим којшто настапува во Третата лига - исток.

Според весникот објективно за настап во Втората лига потребни се најмалку 150.000 евра, сума која секако дека во Македонија не е за занемарување. И затоа првите луѓе на клубот гледаат по секоја цена да се „отарасат“ што вели до клубот кој во рекордно брзо време го однесоа од најнизок ранг до Втора лига.

Тиквеш по првите шест месеци играјќи во Втората лига ќе го носи името на Љубанци, но потоа си го враќа своето, додека Љубанци до Нова година ќе игра во Трета лига - југ како Тиквеш за потоа да си го врати исто така своето име. Но, тоа се технички работи кои во од се решаваат и не се непознати во нашиот фудбал.

Попладнево го постивме стадионот во Градскиот парк на кој фудбалерите на ,,Тиквеш 2014,, тренираа.

tikves2

Под водство на Сапунџиев можевме да забележиме вообичаен кондиционен трениг со совети за воигрување, а можевме да чуеме дека деновиве со две екипи ке се игра за да се почувствува теренот на средба меѓу себе.

Идната среда овде во Кавадарци најверојатно ке се одигра пријателска средба со Беласица од Струмица. Кај играчите има оптимизам и желба за игра во второлигашката конкуренција, а дали ке имаме стадион за тоа? Според она што можевме да го видиме сеуште не. На две места оградата од цигли околу стадионот е целосно разрушена. На едно место рушен е зид во должина од 30-сетина а на друго место 10-тина метри. Потребни се неколку интервенции. Теренот е во добра состојба и погоден за игра , благодарение на заинтересирани луге кој му мислат добро на фудбалот кај нас.Овде мислиме на домакинот Иле, но и на други ентузијасти. Интервенции треба и на други места на објектот на стадионот но најбитно е теренот е одличен и можат да се одиграат второлигашки средби.

Деновиве, неофицијално дознаваме, овде била и комисија на ФФМ, која ги нотирала слабостите и препорачала да се исправат, за да се одигра првата Второлигашка средба во првата половина на месец август годинава. Денеска чувме дека најверпојатно за една недела ќе започнат работи на санирање на двата рушени зидови на оградата. Соблекувалните, канцелариите, службените простории и останатиот дел на објектот се во одлична состојба и овде е се подгортвено за сите службени обврски кои ке произлезат од натпреварување во Второлигашка конкуренција.