МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сапта ќе остане во Македонија цела година

Во рамките на заедничкиот проект на Интернационалната џудо федерација, Интернационалниот олимписки комитет, Македонскиот олимписки комитет и Џудо федерацијата на Македонија за зајакнување на капацитетите на македонското џудо, синоќа во Кавадарци по втор пат присуствуваше Габриел Сапта, експерт на интернационалната џудо федерација.За разлика од првата посета која беше насочена кон запознавање на тренерите од македонските џудо клубови со новите правила во џудото, овој пат Сапта кој ќе остане во Македонија цела година беше дел од редовниот тренинг на џудо клубот „Кожувчанка“. Целта на неговата посета беше да ја увиди работата на кавадаречките џудисти, да им подели совети, но и да ги набљудува репрезентативците и потенцијалните кандидати за националниот тим. Во својата изјава за медиумите Сапта потенцираше дека посетата на Кавадарци е дел од неговата програма на посета на поголем дел од клубовите членки на џудо федерацијата на Македонија, која е со цел подобро да се запознае со џудистите. Покрај следењето на работата со клубовите, Сапта ќе се вклучи и во подготовките на младинските репрезентативци за престојните натпреварувања.