МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 17 декември во 12 часот ке се одржи Свечена академија посветена на ракометот во Кавадарци

Како и фудбалот, и ракометот како колективна спортска игра има голема традиција во градот на грозјето и виното. Многу генерации квалитетни ракометари играа во Тиквеш,или во други клубови во Македонија и поранешна Југославија.На игралиштето во Градскиотр парк понекогаш средбите ги следее дури по 2.000 и 3.000 гледачи.Тоа беше голема спортска еуфорија.Ракометот имаше респект како спортска игра во Кавадарци.Оваа генерација спортски работници и ракометари решија да го оттргнат од заборав златното време и да се обидат да ја вратат ова ракометна игра на заслужената позиција во Кавадарци и Македонија.Токму Свечената академија која ја организираат големи ентузијасти на чело со спортски работници од пеесетите години и ГРК„Тиквеш 2014“, имат намера да потсетат и иницираат нов поволен ветар во ракометот кај нас.

Академијата ке се одржи на 17 декември во недела во 12 часот во Големата сала на Домот на културата.Предвидени се прогодини обраќања на поранешни и актуелни спортски работници и пригодна програма.Поводот е 65 години ракомет во Кавадарци.На средбата поканети се познати спортски имиња и работници од Македoнија.