МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Седумдест и пет натпреварувачи од дури 16 европски земји ќе се борат за шампионските наслови во сингл и дубл во машка и женска конкуренција на европското првенство „Црна Река Опен 2016“ за тенисери и тенисерки до 16 години, кое синоќа и официјално беше отворено во Кавадарци.

Посакувајќи им пријатен престој и многу среќа на натпреварувачите, заблагодарувајќи им се на сите оние кои и годинава помогнаа Кавадарци да остане на светската мапа каде што се оддржуваат натпревари од ваков ранг, но и најавувајќи дека амбициите на тенискиот клуб „Црна Река“ е во најскора иднина да донесе во Кавадарци фјучрс турнир во женска категорија, директорот на турнирот „Црна Река Опен 2016“ и официјално го прогласи шампионатот за отворен.

2TENISOPEN-„Со одличната организација потврдивме дека сме сериозни во намерата овој турнир да остане во Кавадарци уште долги години. За разлика од минатата година имаме повеќе натпреварувачи, вкупно 75, 48 во машка и 27 во женска категорија, што е уште еден показател за тоа дека турнирот станува од година во година ќе станува се поквалитетен. Ме радува и тоа што годинава имаме дури 21 натпреварувач од Македонија, 11 во машка и 10 во женска, помеѓу кои е и нашата кавадарчанка Ангела Мицева“ - рече меѓу другото Лазе Мицев, директор на турнирот „Црна Река Опен 2016“.Сеправат обиди да се донесе фјучрс турнир во Кавадарци во женска конкуренција-„Оваа е наш најнов предизвик, но пропозициите за вакви натпревари се јасни, па ќе мораме да поработиме на дополнителни услови, пред се на изградба на уште два дополнителни терени во спортскиот комплекс „Јасмин“, за што има и простор кој може да биде искористен“. рече Мицев.

Пред бројните присутни, поддржувачи и натпреварувачи, свое обраќање имаше и претставникот на тениската федерација на Македонија и „Tenis Europe“ Антонио Радојничкиќ, кој и годинава ќе ја има улогата на главен судија на турнирот. „11 натпреварувачи повеќе од лани е само потврда дека овој турнир расте. Драго ми е што во Македонија еве постојат луѓе како Лазе Мицев и компанијата „Црна Река Петрол“ кои даваат максимални напори и во Македонија да се играат натпревари од ваков калибар. - заврши Радојничкиќ.

Натпреварите до четврфиналната фаза ќе се играат во период од 9 до 20 часот на тениските терени во Кавадарци и Неготино, додека четвртфиналните, полуфиналните и финалните натпревари во сите конкуренции ќе се играат во Кавадарци, а влезот за сите турнирски натпревари е слободен