Одилича игра на кавадаречкиот прволигап ГРК Тиквеш во Скопје.Со РК Металург игравме 29-29
И покрај делегирањето на арбитри на овој наторевар, ГРК Тиквеш со 60 минутната борба на гостински терен успеа да го земе можеби најголемиот бод ова сезона против мотивираниот суперлигаш РК Металург од Скопје.
-„Нашите ракометари покажаа одличен карактер на терен при што од натпревар во натпревар драстично ја зголемуваме формата и компактноста на сите играчи во тимот како и истакнувањето на различни поединци .На ова средба тоа беше одличниот пикер Петар Пеовски.Нашата борба и мотивација за влез во плеј офот е доста голема .Напорно се работи ,и се подготвуваме особено на големиот дуел кој се игра овој викенд на домашен терен во Спортската сала Јасмин против можеби најголеиот конкурент Работнички“-ни изјави Ратко Мицев -член на управната на клубит.
Тренерот Шукара вече започна да се подготвува за овој натпревар додека клубот ГРК Тиквеш ја по викува кавадаречката спортска јавност за присуство и поддршка на овој натпревар кој има особена важност за понатамошниот исход.