МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Џудо клубот „Кожувчанка“ зеде учество со 10 џудисти и освои едно злато, едно сребро и три бронзи

Вчера во спортската сала Нико Нестор во Струга се одржа Државното првенство за сениори и помлади пионери и пионерки. На првенството кое помина во организација на џудо федерацијата а како техничкиот организатор беше џудо клубот Дрим од Струга настапија повеќе од 200 џудисти. На ова натпреварување учество зеде и ЏК Кожувчанка од Кавадарци и тоа со 10 натпреварувачи од кои 8 во машка и 2 во женска конкуренција. Каавадаречките џудисти вкупно освоија 5 медали и тоа 1 златен 1 сребрен и 3 бронзени. Златен медал освои Јован Димитров во категорија до 28 кг., сребрен медал освои Марија Илиевска до 48 кг а а со бронзени медали се закитија Филип Поповски до 73 кг, Дарко Трајков до 81 кг и Трајче Марков до 90 кг. Да напоменеме дека нашиот клуб настапи ослабен бидејки репрезентативката Благица Колева направи оперативен зафат на коленото и и претстои период на рехабилитација. Тренерот Марјан Колев е задоволен од прикажаното од сите учесници меѓу кои покрај освојувачите на медали беа и Игнат Петров до 60 кг, Димитар Колев до 73, Петар Милев до 81 кг., Мирослав Трајков над 100 кг и Мила Јованова до 63 кг. Според Колев, Игнат Петров и Мила Јованова лесно можеа да освојат медали но судиските неправди ги спречија да бидат меѓу најдобрите на ова натпреварување

М.В.