МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонската репрезентаџија во чиј состав се и каратисти од Кавадарци освоија златен медал

Од 30 ноември до 2 декември годинава во Дубровник, Хрватска се одржа Балканско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година. На првенството учествуваа 843 репрезентативци од 12 држави: Македонија, Србија, Босна, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Кипар, Романија и Турција.

Како дел од Македонската репрезентација ката тимот во состав: Владанка Аврамова, Миа Маневска и Стефанија Грозданова го освои златниот медал. Во прво коло беа слободни, второ коло имаа победа над репрезентацијата на Турција со 3:2. Во финалниот меч ја победија репрезентацијата на Црна Гора со 4:1 и го освоија златниот медал во категоријата кадетско - јуниорски ката тим. Тимот го предводеше тренерот на државна репрезентација на Македонија за кадетки и јуниорки Ивана Аврамова.