МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-ГРК „Тиквеш“ играше борбно,но на крајот победи.Mалубројната публика виде дури 39 погодоци, од кои дури 22 постигнаа домашните играчи

И покрај катастрофалното отворање на натпреварот и негативата од 6 гола, ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш успеаа да покажат карактер и цврстина, за на крајот да стигнат и до убедлив триумф над тимот на Спартак од Скопје со 35-30 во натпреварот кој беше одложен поради оддржувањето на локалните избори.

Домашните ракометари влегоа доста опуштено во натпреварот, што придонесе за лоша игра и негатива од 3-9. Но, по тајм аутот на професорот Велков следуваше консолидација на играта и фантастична серија од 10-4, за на полувреме да се замине со резултат 13-13. За разлика од првото, второто полувреме се играше буквално без одбрана, што придонесе малубројната публика да види дури 39 погодоци, од кои дури 22 постигнаа домашните играчи, за нов триумф на домашен терен, овој пат од 35-30.

Васил Витанов со 10 гола повторно беше лидер во својот тим, во кој одличен учинок имаа и Тоше Димитриев со 6, односно Јанчев Александар и Окардов Ристе со по 5 гола.

По четири одиграни кола, ГРК Тиквеш е на осмата позиција со 6 освоени бода, колку што има и екипата на Партизан на седмата позиција.

Во следното коло на програмата е големото локално дерби со екипата на Вардар Неготино, која има бод повеќе од тимот на ГРК Тиквеш. Натпреварот се игра во спортската сала во Неготино со почеток од 19 часот.