МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци, Прогресс Плус Кавадарци и Инфо Сега Кавадарци преку проектот „ Преку спорт до подобар соживот“ утре ке се одржи пинг-понг турнир.

Овој проект се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија – ReLOaD, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Турнирот во пинг понг е втор натпревар од серијата натпревари кои се предвидени со проектот. Целта на проектот „Преку спорт до подобар соживот“ е лицата со попреченост да се тргнат од маргините на социјалниот живот и да се интегрираат во заедницата преку спортски активности и рекреација. На турнирот учествуваат 20 учесници од кои 10 лица со попреченост и 10 лица без попреченост.

Натпреварот е од отворен карактер и започнува во 15.30 часот.