МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре (15 август) нашиот пливач- маратонец, д-р Бошко Илиев ,ке плива на Егејското море.

-Моја дестинација утре е Грција, и ке пливам од Аспровалта -Ставрос - Врасна или обратно.Зависи од водените струи , кои моментно ке владеат, вели Илиев, со кого разговаравме денеска пред неговото патување во Грција.Но тука нема да ја завршам годинашнава сезона, сеуште има време да реализирам уште неколку маратони.

Доктор Бошко Илиев планира покрај во Грција да настапи и на маратон во Бугарија во Пловдив во текот на овој месец а во септември ако времето послужи да плива на Мавровското езеро.

Кавадаречкиот маратонец ова лето настапи во Риека на 21 јуни каде пливаше 5 км, во Зрењанин на езерото Пескара 2,5 километри каде освои златен медал во неговата категорија,во Бачка Топола на Панонија исто така беше успешен.Овде пливаше на 2,5 км долгата патека и освои сребрен медал.На дојранското езеро тој пливаше на 3 Август годинава кога пред македонската јавност тој ги потенцира своите способности на патеката Ачикот-Мрдаја-Стар Дојран со должина од од 10 километри и постигнато време од 4 часа и 40 минути.

Вистинска штета е што нема млади пливачи маратонци во Кавадарци.Едноставно интересот е слаб , a се работи за спорт кој е доста атрактривен .

М.Димитров