МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Втората сезона од најголемиот проект на Ракометната академија Вардар, Вардар Јуниор лигата стартува в недела.

Околу 650 момчиња и девојчиња во следните месеци ќе одиграат околу 300 натпревари. Еуфоријата годинава се сели во неколку градови низ Македонија, а викендов новите македонски ракометни надежи покрај во Прилеп, Кичево и Скопје ќе ги покажат своите квалитети и во Кавадарци.Од околу 650 момчиња и девојчиња кои во следните месеци ќе одиграат околу 300 натпревари, в недела во Кавадарци во спортскиот центар „Јасмин“, Вардар Јуниор лига ќе играат околу 200 деца.

„Викендов кај нас се игра првото коло од лигата за генерацијата 2004/05. Ќе настапат вкупно 18 екипи од Скопје, Велес, Кичево, Гостивар, Куманово, Прилеп и од Кавадарци, односно околу 200 деца. Во машка категорија ќе се одиграат 10 меча, а во женската четири. Се играат 2 полувремиња од по 15 минути. Организатор на натпреварите е Ракометната академија Вардар, а ние како регионална единица, ракометна школа „Вардар – ДБ“ помагаме во организацијата", вели спортскиот директор на ракометната школа „Вардар – ДБ" Маријан Бандев.

Екипите од „Вардар – ДБ" на минатогодишната Вардар Јуниор лига го освоија првото место во старосната категорија 2004/05 како дел од Академија 1 во која играа и момчиња од Велес, а девојчињата генерација 2004/05 беа четвртопласирани како дел од екипата Академија 2, составена од играчи од Скопје и Кавадарци.

„Лани во лигата имавме 12 деца, а годинава се натпреваруваат 30 деца од нашите школи во Кавадарци, Росоман и Градско. Тоа се две посебни екипи – момчиња и девојчиња во старосната категорија 2004/05. Во нашата школа таргетот е на децата на таа возраст. Со овие деца работиме веќе трета година и повеќето од нив лани се натпреварваа во мини – ракомет и таму, според бодовите, бевме втори на листата. За децата од Росоман и Градско кои играат во лигата организираме превоз за тренинзите што ги има целата екипа во салата во Кавадарци", вели Бандев.Во „Вардар – ДБ" ракомет тренираат 130 деца во школите во Кавадарци, Росоман и Градско. Тројца тренери се ангажирани да работат со децата.

„Очекуваме интерес од родителите и се надеваме дека ќе дојдат родители од сите градови од каде гостуваат екипите за да ги бодрат. Децата се дружат на овие натпревари, се запознаваат и ова е првпат да играат натпревари надвор од Скопје. Ве очекуваме сите да навивате", вели Бандев.

Сите деца од школите на „Вардар – ДБ" во текот на зимскиот распуст се вклучуваат со зимскиот турнир кој е во организација на Ракометата академија Вардар.

За оние кои сакаат да се вклучат во некоја од школите на „Вардар – ДБ" во Кавадарци, Росоман и Градско тоа може да го сторат на следниве контакти:

Контакт: Маријан Бандев Телефон: 070 324 007 Email: info@vardar-db.com www.vardar-db.com