ГРК Тиквеш 2014 по кратката пауза поради проблеми кои постоеја на ниво на Прва лига поради ваучерите за финасирање на клубовите,од денеска е повторно во првенствена игра.

Во гости нашите ракометари ја остварија 9-та победа, овој пат против силната екипа на КЛ-7, која неофицијално е македонска кадетска репрезентација.Според наши извори на средбата во Скопје прикажана одлична игра во која рчиси цело време сме воделе, а посебно добар ракомет е прикажан во второто полувреме. На крајот средбата заврпши со 23-25 за Тиквеш.