МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На пригодна свеченост во Кавадарци на 1.декември се одбележа 15 годипшнината од постоењето на Џудо клубот „Кожувчанка„.

Се работи за спортски клуб во кој тренираат и работат околу 300 џудисти во рамките на џудо федерацијата на Македонија при што се остварени бројни настапи на домашни, балкански и Европски првенства.Притоа се освоени и високи награди и признание што е плод на успешната работа на клубот од Кавадарци.

Џудо спортот во Македонија има константен интерес кај младите луѓе затоа и внимнието на спортските работници од земајата да се овозможат соодветни услови средства за развој на овој спорт кај нас.

Токму во Кавадарци пред одржувањето на свеченоста на Џудо клубот „ Кожувчанка“ се одржа состанок на Извршниот одбор на Џудо федерацијата на Македонија.

Управата на џудо клубот „Кожувчанка„ на свеченоста во Кавадарци на 1 декември пригодни признанија и награди им додели на Митко Јанчев ,како прв претседетел на клубот, на Компанијата „Кожувчанка„ која перманентно ги подржува овие спортисти и Марјан Колев-долгогодишниот тренер на клубот.

На присутните со пригодни зборови им се обратија,од името на “Кожувчанка„ директорката Јанинка Чупаркоска која ја потенцира заложбата за подршката на џудо клубот , и Марјан Колев-кој се заблагодари на сите чинители за помошта што ја даваат за развој на џудото како спорт во Кавадраци.

Признание за соработка беше доделено на Џудо федерацијата на Македонија а за спонзисртво и пријателство и несебична помош на ; Бадев ДООЕЛ,Кам смарк ,Жито ју,Велком трејд , и Аква нет.Потоа признанија за ; Ване Настов,Благица Колева- за постигнати врвни резултати.Заслужни пријатели на Џудо клубот се; Орце Клинчаров, Сашко Ангелов, Сојуз на спортови,Џудо клубовите; Сејшн-Прилеп,Ипон од Скопје,Гладијатор –Кочани,Пелистер Битоала,Бушидо Прилеп и Пролетер-Прилеп.

За несебична подршка признанија добија; Мики Виденовиќ,Диме Коцевски, и Даниел Уневски.

78828935_2539825346054145_6171595888109027328_n.jpg

78461834_2426445720905263_1869596068493131776_n.jpg