МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Џудо клубот „Кожувчанка“ настапи со 6 натпреварувачи и сите освоија медали

Викендов во салата Партизан во Кавадарци се одржа Државно првенство во џудо за кадети и кадетки во организација на џудо клубот Кожувчанка. Кавадаречкиот џудо клуб на ова државното првенство зеде учество со шестмина натпреварувачи во машка и женска конкуренција и сите се закитија со медали. Вкупно ЏК Кожувчанка освои 3 златни, еден сребрен и 2 бронзени медала. Марија Илиевска освои злато во категорија до 48 кг, Никола Петров освои злато до 73 кг и Игнат Петров освои злато до 55 кг. Сребрен медал освои Мила Јованова до 63 кг а со бронзени медали се закитија Дариа Јованова до 44 кг и Тоше Петров до 50 кг.

278251492_2845615572402446_8853494554562520930_n 278428943_2845614975735839_5677368805919277447_n 278575995_2845615212402482_7803948355861027012_n 278752058_2845615689069101_2796958755860094089_n 278730166_2845615382402465_6102274361731691461_n

М.В.