МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

АК „Витачево“ настапи со уште 4 клубови од Македонија на Купот на кој се одржа на 22 октомври

Воздухопловна Федерација на Македонија во рамките на Македонска лига во воздухопловно моделарство го организира КУП НА МАКЕДОНИЈА ‘’КАВАДАРЦИ“ КУП 2017 .Натпреварувањето се одржа на 22 октомври.

Заради немање соодветни услови за натпреварување Кавадарчани беа домаќини во Прилеп.

Учествуваа екипи на АК “Витачево’’- Кавадарци,АК ‘’Прилеп’’ – Прилеп,АК ‘’Митко Тодоровски’’-Битола,АК ‘’Охрид’’- Охрид и АК ’’Фил Феникс’’- Прилеп

Во категоријата F1 B најдобар беше Александар Цветановски втор Атанас Божинов а третото место го освои Митко Цветановски.Сите од АК Охрид.

Во категорија F1 A прв беше Јосифовски Гоце АК Витачево втор Најдовски Давид АК Прилеп и трет Зоран Велковски АК Фил Феникс.

И во Категорија F1 H како единствен натпреварувач - прво место за Марјан Димов од АК Витачево

09090909090.jpg.jpg

Кавадаречкиот клуб „Витачево“ се соочува со повеке проблеми а најважен е проблемот со место за одржување на натпреварите.Инаку според резултатите од досегашните настапи е еден од најдобрите Аеро клубови во земјата и тоа подолго време.